ВИДЕО | „Тој ден ме силуваше три пати“: Сара скокнала во морето полно со ајкули за да се спаси

Instagram
Instagram

Сара Ренсом била затворена шест месеци на приватниот остров на американскиот мултимилионер, педофилот Џефри Епштајн. Таа била оставена на милост и немилост на островот, но се осмелила да зборува за тоа само кога нејзиниот злоставувач беше пронајден мртов во затворската ќелија во август 2019 година.

„Сакам да ги охрабрам другите жртви да зборуваат“, им кажала на новинарите 37 – годишната Шкотланѓанка, родена во Јужна Африка.

Со Епштајн се запознала во 2006 година во Њујорк, каде студирала мода. Била млада и наивна, имаше само 22 години и немала пари. И токму тогаш, во еден ноќен клуб во Менхетен и пришла жена и ѝ раскажа за „одличното момче“ кое ќе и помогне „да ги оствари соништата“

„Тој беше толку шармантен и харизматичен“, раскажала Сара за нејзината прва средба со Епштајн.

Неколку дена подоцна, една жена од клубот повторно и се јавила и и кажала дека Епштајн ја поканува на неговиот приватен остров.

„Немав идеја дека ќе влезам во гнездото на стршленот“, раскажала Сара.

По тоа, таа заврши во приватниот авион на Епштајн, каде веднаш сфатила дека нешто не е во ред.

Како што изјавила девојката, Епштајн и една девојка започнале да имаат сексуални односи на креветот, пред сите. И штом пристигна на островот, започна агонијата.

„Ме силуваше и до три пати на ден. Обично започнуваше со покана да го масирам, раскажала Сара и објаснила дека таа и другите девојки не биле достапни само за Епштајн, туку и за неговите гости, а многу од девојките биле малолетни“.

Сара раскажала дека за прв пат ја запознала Гислајн Максвел на островот, богатата наследничка на медиумскиот магнат Роберт Максвел, која ги носела девојките за Епштајн.

Според неа, Епштајн контролирал сè. Над целиот остров беа поставени камери за надзор, па штом некоја девојка се обидела да побегне, веднаш ќе била лоцирана од обезбедувањето и вратена назад во куќата.

Сара повеќе не можела да го издржи пеколот и сексуалното ропство и се обидела да избега.

„Тој ден ме силуваше трипати. Во тоа време, ајкулите ми беа најдобри пријатели. Не ни помислував на опасноста, помислив – доста е, бегам“, се присетила Сара на денот кога влегла во морето полно со ајкули, решена да плива и да се спаси.

Сепак, обезбедувањето забележало дека се обидувала да побегне, и многу брзо ја извлекле од водата и ја вратиле назад.

Подоцна ја однеле во Њујорк, каде што живеела во една од куќите на Епштајн во Менхетен заедно со другите негови жртви, на кои не им било дозволено да се комуницираат меѓу себе. Епштајн ги контролирал сите аспекти од нејзиниот живот. Како што рече, таа морала да ослабе кога тој ќе наредел, да оди на лекар кога мислел дека треба и се останато поврзано за нејзиниот живот.

„Џефри имаше цела мрежа на луѓе кои не контролираа“, открила Сара.

Нејзината агонија заврши на почетокот на 2007 година, кога Епштајн ја испрати во Јужна Африка да му најде асистентка.

Никогаш не и паднало на памет да испрати друга девојка во пеколот, ниту пак да се врати таму сама.

„Нема сомнение дека денот кога беше уапсен Епштајн беше најдобриот ден во мојот живот“, признала таа.

Сара сведочеше на судењето организирано за 20 негови жртви, каде го обвини за сексуално злоставување и присилување на проституција.

Таа покрена граѓанска тужба против Епштајн со нејзина колешка во декември 2018 година, но ја повлече по вонсудско спогодување. Колку и платил милијардерот е непознато. Исто така ја тужела и Гислајн Максвел, а процесот за тој случај сѐ уште трае.

Да потсетиме, Џефри Епштајн беше пронајден мртов во август 2019 година во затворската ќелија во Њујорк. Епштајн се обесил додека траело судење за сексуална трговија со малолетнички.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот