Фото: Sutjeska Elektroprivreda/Andrija Radulovic

ВИДЕО | ТФТ го направи првиот чекор кон финалето во АБА 2 лигата

Уште едно одлично издание на кошаркарите на ТФТ, со нова победа на гостински терен, во Никшиќ против Сутјеска (93:88) за водство (1-0) во полуфиналето на АБА 2 лигата.

Извонредно одиграно прво полувреме имаа играчите од Тафталиџе, во кое остварија голема предност (59:41), која успеаја да ја сочуваат во второто и да дојдат до уште една голема победа, на гостински терен, која им дава две меч-топки за пласман во финалната серија на АБА 2 лигата.

Ташовски беше прв стрелец кај победникот со 28 поени, следен од Виндел Гордон и Дејвис ЏР кои имаа по 14 поени.

На спротивната страна, за црногорската екипа 17 поени беа дело на Баровиќ, а 13 имаше Мартин.

Вториот натпревар од ова серија, кој може да биде и последен (доколку македонскиот претставник го добие) е закажан за 15 април во Скопје.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот