ВИДЕО: Тетовци фрлаа со јајца на општинската зграда, бараат одговорност и правда за жртвите во пожарот

Протест во Тетово / 17 септември 2021 / фото: ТВ21/принтскрин

Околу илјада граѓани денеска одржаа протестен марш низ улиците на Тетово, барајќи целосно расчистување на катастрофалниот пожар во модуларниот ковид-центар на 8 септември, во кој загинаа 14 луѓе. Протестот, кој беше најавен на социјалните мрежи, почна на градскиот плоштад, каде беа засадени 14 дрвца, во спомен на жртвите во трагедијата.

Демонстрантите, кои упатија пораки и носеа транспаренти испишани само на албански јазик, се упатија кон зградата на општина Тетово, која ја гаѓаа со јајца, а дел од нив извикуваа „Али, предавник“. Колоната потоа продолжи кон изгорената модуларна болница, каде беше пречекана од полициски кордон, кој не им дозволи на демонстрантите да се доближат до објектот.

Демонстрантите побараа од германските експерти целосна анализа со која ќе се утврди точно што го предизвикало пожарот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот