ВИДЕО| Терапевт споделува седум знаци на функционална депресија

Фото: Pixabay

Терапевтот Џефри Мелцер ја подигнува свеста за состојбите на менталното здравје како депресија, анксиозност и нарцисоидно растројство на личноста преку информативните видеа на ТикТок. Неговото видео за симптомите на функционалната депресија неодамна стана вирално.

Терминот функционална депресија често се користи за да се опише некој кој изгледа дека се однесува нормално и е во тек со секојдневните обврски, додека приватно се бори со депресија. Понекогаш се меша со постојано депресивно растројство (ППД), кое е блага до умерена хронична депресија.

“Вообичаен знак за функционална депресија е таканареченото маскирање со кое ги криеме внатрешните проблеми. Друг знак е постојаната самокритичност. Станувате свој најлош критичар и тешко си давате оддишка. Секоја грешка ја чувствувате како личен неуспех“, објасни тој.

Тој го издвои чувството на бескрајна исцрпеност, бесчувствителни навики, иритација поради „ситници“ и губење на задоволство во речиси сè што правиме.

Конечно, Мелцер објасни дека изолацијата од пријателите и семејството исто така може да биде знак за функционална депресија.

Видеото на терапевтот стана вирално, а во делот за коментари многумина истакнале дека ги имале повеќето или сите симптоми во некоја фаза од животот.

@therapytothepoint 7 Signs of High Functioning Depression. #highfunctioningdepression #depressionawareness #depresedtiktok #feelinglow #depressed #functionaldepression #fyp #foryou #foryoupage ♬ Sad piano ballad (BGM / sad)(936782) – TrickSTAR MUSIC

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот