ВИДЕО: Техеран ја повика ЕУ да посредува меѓу САД и Иран

Иранскиот министер за надворешни работи предложи Европската унија да посредува меѓу Иран и САД за зачувување на нуклеарниот договор, јави Си Ен Ен.

„Можно е да се најде механизам” двете земји да се вратат во рамките на договорот, изјави Мохамад Џавад Зариф за Си-ен-ен Интернешнл.

Зариф смета дека високиот претставник на Европската унија за надворешна политика и безбедност Жозеп Борел би можел да биде „координатор” за следење на Меѓународниот нуклеарен договор потпишан од Иран во 2о15 година со шест светски сили.

– Борел би можел да „смисли мерки што треба да ги преземат САД и мерки што треба да ги преземе Иран, рече Зариф.

Иран потпиша нуклеарен договор во Виена во 2015 година со Германија и пет постојани членки на Советот за безбедност на ООН (Велика Британија, Кина, Франција, Русија и САД) и се обврза да го напушти развојот на нуклеарно оружје во замена за укинување на меѓународните економски санкции.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот