ВИДЕО | „Тебе држењето јајца подобро ти стои“: Северина доживеа непријатност на сцената на „Дора“

Фото: Instagram / severina

Пејачката Северина Вучковиќ се појави на хрватскиот избор на песна за Евровизија – „Дора“, каде на сцената доживеа непријатност поради коментарите од останатите кандидати. Видеата од овој непријатен момент за пејачката  набрзо станаа вирални на социјалните мрежи.

Имено, Северина беше дел од настапот на групата „Лет 3“ која се натпреваруваше на „Дора“. Таа на сцената се појави со голем кадифен чекан, што беше асоцијација за нејзините децениски судења кои постојано беа актуелни во медиумите. Сите од групата беа облечени како кокошки, а Северина беше облечена во жолт фустан. Со себе имаше и големо пластично јајце кое подоцна им го понуди на другите кандидати.

Меѓутоа, настапот остана забележан и поради два коментари упатени кон Северина.

„Дали е тоа твоето јајце, Северина? Од кралицата кокошка? Чекај, имам уште едно јајце… Не е толку големо, но ќе биде добро”, рече пејачот и радио водител Саша Лозар и посегна во џебот за да покаже на кое јајце мисли.

Потоа натпреварувачот Еуген Стјепан Вишиќ ѝ одговори на Северина откако му подари јајце.

@idjshowfunny #CapCut #severina #dora2024 #eurovision ♬ original sound – idjshow

„Мислам дека држењето јајца тебе повеќе ти стои од мене. Дали можеш да го направиш тоа?”, рече тој, а пејачката остана без зборови.

Судот ѝ го врати синот на Северина: „Нема да запрам тука, ќе барам целосно старателство“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот