ВИДЕО | Сугаревски: Царината е најспремна институција утре да го отпочне и заврши поглавјето во делот на преговори со ЕУ

Функциите кои што ги обавувам се сериозен предизвик и се многу важни во државата. Секогаш сум настојувал тие функции да ги обавувам со чесен пристап, со се она што сметам дека треба да се сработи, документирано, за медиумите и граѓаните да бидат навремено и правилно информирани, изјави во Утрински брифинг директорот на Царинската управа Горан Сугаревски.

„Целта беше да се направи сублимиран извештај од страна на Царинската управа , ДПИ и Инспекторатот за екологија околу аферата околу увозот на токсични нафтени деривати. Владата донесе одредени заклучоци по кои што постапија институциите, но заради подобро запознавање и на челновите на Владата се донесоа и дополнителни заклучоци, кои што деновиве институциите постапија по нив“, вели Сугаровски.

„Основната дејност на Царинската управа е да утврди точен тарифен број каде треба да се распореди стоката. Ако ние сме собирачи на ДДВ, акциза и царина и сме едни од главните полначи на буџетот, за нас основно и најважно е како, согласно тој тафирфен број, согласно одредувањето на лесни , средни и тешки масла за ложење кои се под називот мазут, биде утврдено на кој начин, согласно таа извозна декларација која што ја имаат и точно да се утврди согалсно документираната и физичка контрола која што ја врши царинскиот службеник. Народот треба да знае – земањето на мостри од секоја цистерна ја чини и државата. Се прави проценка врз анализата на ризик. Над 1.500 цистерни поминуваат по основ на мазут. Ние велиме дека треба да се зголемат контролите и согласно залучоците на Влада да се зголеми уште повеќе соработката на дневна основа помеѓу Царинската управа, ДПИ и Инспекторатот за екологија. Согласно налозите што ги дава дополнително ДПИ, Царинската управа зема мостри кои понатаму се испитуваат“, вели Сугаревски.

„Кога се земаат мостри, со запирањето на граничниот премин на одредени цистерни, по налог на ДПИ, Цариската управа зема мостри, тие мостри се испитуваат и се гледа дали е согалсно мак стандардот или не. Согалсно правилникот за квалитет на горивата Царинската управа зема дел и го проверува сулфурот. Толерирањето е до 1%, доколку се надмине тие цистерни се враќаат назад и во тој дел не треба да има шпекулации. Низ периодот имало некакви обиди да се прикаже мазут место дизел за да се избегне акцизата, но тие на лице место се наплатени делот од давачките“, додава Сугаревски.

„Гледајќи ги истражувањата и акнетите кои што се прават, ако перцепцијата на населението била дека Царината како служба е на високо место на корумпираност, по последните истражувања се далеку од челни место, што ми дава уште поголем мотив за раота и искоренување и намалување на тој процент на корупција. Но и самите реформи кои се правени низ овие 30 години, посебно делот во дигитализацијата, допринело овој процент да се намали. Очекувањата мои се да има поголем број на пријави како вид на спречување на корупција“, вели Сугаревски.

Целиот разговор во кој Сугаревски говори и за актуелните политички теми погледнете го во видеото:

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот