ВИДЕО: Судии, обвинители и адвокати протестираа во Белград, бараат власта да престане да ги притиска
Стотици судии, обвинители и адвокати од цела Србија денеска се собраа на протест пред Уставниот суд и Правниот факултет во Белград, поради, како што тврдат, политички притисоци врз судството, пренесе „Н1 Србија“.
Препорачано
Непосредниот повод за протестот, како што и претходно беше соопштено, е тоа што на обвинител од Првото основно јавно обвинителство во Белград не му било дозволено да изврши увид по инцидент во шаторската населба „Ќациленд“ пред српскиот парламент, каде што престојуваат поддржувачи на власта.
Live Demo Serbien:
PROTEST U BEOGRADU uživo! https://t.co/6rnpqW1QiZ via @YouTube— Alexander Prinz (@prinzartair) December 7, 2025
Дополнителна причина за одржаниот протест се најавените измени на законот за Обвинителството за организиран криминал, според кои ова Обвинителство се планира да стане дел од Вишото јавно обвинителство.
Според присутните на протестот, ваквите законски измени ќе предизвикаат Обвинителството за организиран криминал и корупција да ја изгуби својата автономија и независност, што како што велат, покажува дека државата недвосмислено се откажува од институционалната борба против организираниот криминал.
Протестот заврши пред Правниот факултет во Белград каде што се одржа 16-минутен молк во знак на почит кон жртвите кои ги загубија животите при падот на натстрешницата на Железничката станица во Нови Сад.


