Фото: EPA-EFE/CRISTOBAL HERRERA-ULASHKEVICH

ВИДЕО | Суарез и Меси асистенти, Интер Мајами со победа ја започна новата сезона

Tимот на Интер Мајами изминатата вечер славеше со 2:0 против Реал Солт Лејк Сити во првиот натпревар од новата сезона во МЛС. Двата гола не беа дело на најголемите ѕвезди на Интер Мајами, меѓутоа тие запишаа асистенции.

Во текот на зимскиот преоден рок на Меси, Бускетс и Алба им се придружи и Луис Суарез, па секако со овие фудбалери во својот тим тимот на Бекам е еден од главните фаворити за титулата. Стрелци на головите против Реал Солт Лејк беа Роберт Тејлор и Диего Гомес, Меси и Суарез асистираа.

Од друга страна Реал Солт Лејк не беше многу опасен и упати само два удари кон противничкиот гол. Следниот натпревар Интер Мајами го игра на 26-ти февруари и тоа против еден од најпознатите тимови во МЛС, Лос Анџелес Галакси.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот