ВИДЕО | Страшно убиство во Мостар: Фудбалски судија ја убил својата жена и се обидел да се самоубие
Неофицијалните информации упатуваат дека осомничениот е Анис Калајџиќ, фудбалски судија со долгогодишна кариера во Првата лига на Федерацијата БиХ и син на поранешен фудбалер и тренер на ФК Вележ.
Мостар синоќа го потресе страшно убиство, кога маж смртно ја застрелал својата жена по драматична потера што започнала на автобуската станица во центарот на градот, пренесуваат босанските медиуми.
Препорачано
Од Министерството за внатрешни работи на Херцеговачко-неретванскиот кантон потврдија дека полициските екипи излегле на терен и го обезбедуваат местото на настанот.
Драматична била ситуацијата пред убиството. Напаѓачот прво ја ранил жената, но таа успеала на кратко да избега, по што тој ја стигнал и повторно пукал во неа.
Според информациите, убиецот се обидел да се самоубие, но пиштолот му се заглавил. Набрзо бил уапсен на лице место, а истрагата траела со часови. Напаѓачот, кој е син на познат фудбалер и фудбалски судија, прво ја ранил жената кај автобуската станица, но таа успеала накратко да избега. Во паника се упатила кон блиско кафуле, каде се обидела да побара помош и да ја извести полицијата. Напаѓачот продолжил да ја следи и ја стигнал по неколку десетици метри, по што повторно пукал и ѝ нанел фатални повреди, објави Вјести.ба.
https://t.co/ulFqWb6hu6 na mjestu događaja 👇#ubojstvo #mostar pic.twitter.com/FWzPuQWAfI
— Bljesak.info (@Bljesak) November 16, 2025
Потоа, според сведоштва од терен, мажот се обидел да си го одземе животот, но неговото оружје се закочило. Полицијата пристигнала многу брзо и го уапсила непосредно покрај телото на жртвата.
Неофицијалните информации упатуваат дека осомничениот е Анис Калајџиќ, фудбалски судија со долгогодишна кариера во Првата лига на Федерацијата БиХ и син на поранешен фудбалер и тренер на ФК Вележ. Истите извори тврдат дека дозвола за носење оружје добил неодамна — пред околу еден месец и дека тогаш го купил и пиштолот што го употребил при убиството.


