Фото: Принтскрин

ВИДЕО | Страшна сообраќајна несреќа во Стокхолм: автобус се заби во постојка, има загинати

Возачот на автобусот бил уапсен на самото место, а случајот се истражува како тешко убиство од небрежност.

Неколкумина загинаа, а други се тешко повредени откако автобус се заби во автобуска постојка во центарот на Стокхолм во петокот попладне.
Инцидентот, во кој биле погодени петмина, се случил околу 15 часот во областа Остермалм, објави „Индепендент“.

Возачот на автобусот бил уапсен на самото место, а случајот се истражува како тешко убиство од небрежност.

Екипи на итната помош, вклучително и бројни полициски возила и амбулантни возила, го обезбедиле подрачјето и ги блокирале улиците за да им помогнат на повредените.

Заменик премиерката на Шведска, Еба Буш, изрази голема тага и шок, а автобускиот оператор Transdev потврди дека возилото било нивно.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот