Човек кој се идентификува како куче / Фото EPA-EFE/TILL RIMMELE

ВИДЕО | Стотици луѓе кои „се идентификуваат како кучиња“ лаат и завиваат среде Берлин

Група луѓе кои „се идентификуваат како кучиња“ се собрале на железничка станица во Берлин, Германија. Луѓето кои се „идентификувале како кучиња“ комуницирале исклучиво со завивање или лаење еден на друг. Видеото од овој инцидент набрзо стана вирално.

Се проценува дека на станицата Берлин Потздамер Плац во Германија се собрале околу илјада луѓе кои повеќе не сакаат да бидат препознаени како луѓе, туку како кучиња, пренесува Њујорк Пост.

Видеото од собирот набрзо стана вирално, предизвикувајќи бројни коментари од корисниците на социјалните мрежи.

Оваа „кучешка конвенција“ на станицата ја следела виртуелната изведба на Јапонецот Токо кој „се идентификува како куче“, тој го исполнил својот животен сон да „изгледа како куче“ откако купил реалистично одело за 14.000 долари.

Експертите повикаа да се направи разлика помеѓу „терјаните“, луѓето кои „се идентификуваат како нечовечки суштества“ и „крзнените“, индивидуи кои уживаат да играат во костими на животни.

„На пример, некои терјани, скратено од „therianthrope“, можеби веруваат дека душата на мачката е реинкарнирана во човечко тело. Некои крзнени се терјани, а некои терјани се крзнени, но тие се две различни групи“, рече д-р Елизабет Фејн, вонреден професор по психологија на Универзитетот Дукесне во Питсбург.

Некои модели на Онлифанс почнале да се преправаат дека се кучиња за да заработат многу пари за кратко време, откривајќи дека однесувањето на кучињата е особено профитабилно.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот