ВИДЕО: Јапонецот кој потроши илјадници евра да стане куче го прошетаа првпат на поводник низ парк

Јапонец прошета низ парк облечен во костум на шкотски овчар/Фото: Screenshot/YouTube/I want to be an animal

Јапонец кој потроши илјадници евра за да се трансформира во куче од расата шкотски овчар неодамна го имаше своето прво јавно појавување, а камерата на еден германски ТВ канал го сними неговото деби на улица и реакциите на луѓето и на животните на неговиот крајно реалистичен костим.

Во претходните видеа поставени на неговиот канал на Јутјуб , ексцентричниот маж, познат по прекарот „Токо“, се гледа како игра во дворот на четири нозе и прави разни трикови во замена за вкусни залаци.

Но, очигледно, „Токо“ помислил дека е добро време да го сподели својот нов изглед со другите, па со својата придружничка излегол на улица за да се прошета како секое… нормално куче.

На снимката што ја објави на својот канал со наслов „ Сакам да бидам животно “, Токо шета во парк на поводник, душка други кучиња и се тркала по земја. Појавата на чудното „куче“ го привлече интересот и љубопитноста на многу случајни минувачи, но и на четириножни, како што може да се види на снимката.

„Станав куче, исполнувајќи го сонот што го имав уште од дете“, стои на почетокот на видеото кое собра повеќе од 1 милион прегледи.

На својот канал на Јутјуб, Токо објаснува (писмено, бидејќи никогаш не зборува во неговите видеа) дека отсекогаш имал желба да живее како животно, поради што избрал да инвестира во кучешки изглед. Како што истакнува, причината поради која го крие својот идентитет како човек и не го покажува лицето е затоа што не сака да биде суден од неговиот социјален круг.

„Посебно не сакам со моето хоби да бидат запознаени луѓето со кои работам професионално“, изјави тој за Дејли Меил минатата година, додавајќи дека неговата желба да се трансформира во животно многумина ја сметаат за чудна.

Во претходните видеа на кои тој игра во дворот, Токо напиша дека се чувствува нервозен и малку исплашен од излегувањето во неговиот костим, но тоа е нешто што сонувал да го направи уште од мал.

НАНа јапонската компанија Цепет , која произведува костими за реклами и филмови, и беа потребни 40 дена за да го создаде реалистичниот костим на Јапонецот, кој чинеше повеќе од 12 илјади евра.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот