Фото: ФК Вардар

Талески: Одлично се подготвуваме во Италија, може да имаме долго европско лето

Фудбалерите на Вардар во овој период ги одработуваат подготовките во Норчија, Италија каде што ќе останат до 2 јули, а сега за медиумите зборуваше голманот Давор Талески.

Талески истакна дека условите за работа во Италија се одлични, а исто така и атмосферата во тимот е на одлично ниво.

„Одлично се подготвуваме во Италија, имаме добри услови за работа. Имавме добра сезона зад нас и целата таа позитивна енергија што се случи со титулата и последните резултати кои ги направивме, сакам да ја насочиме кон ЛШ и да пробаме да го победиме финскиот шампион.

По враќањето во Скопје првиот предзвик за вардарци ќе биде дуелот со Купс во квалификациите за Лигата на шампионите, а голманот на Вардар има и искуство со овој тим и тоа од времето кога настапуваше во Финска и го бранеше голот на Хонка.

Сум бил една сезона во Финска, знам добро што ќе играме со Купс. Се работи за директна екипа што игра на гол повеќе. Првиот меч во Скопје ќе зависи многу од исходот во првата рунда. Се надевам дека со нашите навивачи заедно ќе се избориме за добар резултат дома, па ќе играме за исто и на гости. Купс  игра на вештачка трева, имаат мал стадион, секогаш е тешко да се игра против нив. Се работи за права домашна екипа. Мислам дека ако бидеме на ниво, а не гледам зошто би биле, сметам дека може да имаме долго европско лето. Против КуПС сум бранел двапати, еднаш сум бил успешен со победа и се надевам дека и сега ќе продолжи истото и со Вардар во ЛШ“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот