ВИДЕО | Стојановски: Носителите на одлуки да влезат во 21 век и да помогнат целото општество да ги осети придобивките од дигитализацијата

Филип Стојановски, Метаморфозис
Филип Стојановски, Метаморфозис/Фото: Слободен печат

Критовалутите на големо ја вратија темата за дигитализацијата во општеството и Фондацијата Метаморфозис будно ја следи состојбата во овој процес на трансформација на општеството.

-Многу е комплицирана ситуацијата, бидејќи гледаме дека технолошкиот напредок влече и си функционира без разлика дали кај нас во општеството има спремност да се следи тоа, па дури и на некој начин да се антиципира, да се предвиди во која насока ќе оди со цел соодветно да се подготви населението за она што ни следува во овој 21 век, изјави за Утрински брифинг Филип Стојановски од Фондацијата Метаморфозис.

-Веќе сме длабоко навлезени во она што можеби пред 30 години го викаме после 2000-та – еден свет во кој што очекувавме дека ќе има огромно влијание на новите технологии кои што тогаш појавуваа. Па дури и претходно и во научната фантастика и футурологијата се очекуваа големи промени, додава Стојановски.

Тој смета дека мора да се регулира прашањето со криптовалутите.

-Веќе сме навлезени во тој процес, бидејќи како земја мора да се усогласиме со законските и рамките на јавни политики кои што се важечки во ЕУ, вели Стојановски.

Целиот разговор погледнете го во видеото:

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот