ВИДЕО | Стојаноски: Во буџетот нема ниту едно евро кое што е предвидено за справување со енергетската криза

Бојан Стојаноски, пратеник
Бојан Стојаноски, пратеник / Утрински брифинг

Наш принцип е дека секое евро кое што е на граѓаните и стопанството треба и таму да заврши. Ние се вклучивме со најдобра намера во креирањето и носењето на еден од најстрашките документи во целата држава, за да им помогнеме на грагаѓаните и стопанството да ги надминат тешките времиња кои штио ги имаме во моментов, но и од аспект на подобро соочување со енергетската криза која што ќе настане најверојатно на почеток на наредната година, изјави во Утрински брифинг Бојан Стојаноски пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.

-Имавме поднесено и амандмани, ние мислиме дека малку поинаку треба да биде конципиран целиот овој буџет, имајќи на ум дека тој е најгломазен и најголем досега во историјата на – 4.4 милијарди евра и со тоа со најдобра намера се вклучивме. Можевме да видиме колку мнозинството од тие амандмани прифати, какво мислење даде на нашите размилсувања, но што е тука, ние продолжуваме, додава Стојановски.

Според Стојановски прифатени биле прифатени 22 амандмани од кои 12 на коалициксата опозиција АА/ВМРО-ДПМНЕ.

-Конкретно од тие средства, најголемиот дел 250 милиони беа издвоени за интервентниот фонд на земјоделците, што беше и ветување на СДСМ од 2016-та. Ние поднесовме амандман да биде 600 милиони. Имавме амандмани и за справување со енергетската криза, кои што за жал не беше прифатен ниту еден, вели Стојаноски и додава дека во сегашните ставки на буџетот како што беше доставен во Собранието и усвоен од Владата нема ниту едно евро кое што е преедвидено за справување со енергетската криза, вели тој.

Проследете го целиот разговор во видеото

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот