ВИДЕО | Стаменов од „Донирај компјутер“: Нашата намера е секое семејство да има барем по еден компјутер

Борче Стаменов, Донирај компјутер / Утрински брифинг
Борче Стаменов, Донирај компјутер / Утрински брифинг

Дигитализацијата е клучна за развој на економиите засновани на науки и нови технологии, но социјалниот статус на голем дел од македонските семејства не дозволува да имаат ниту основна компјутерска конфигурација за да може идните генерации да бидат во чекор со новите технологии.

Затоа пак има хумани луѓе кои се одлучиле да се дадат себе си, несебично да вложат дел од своето време и да им помогнат. Како? Овие вредни и способни ентузијасти собираат компјутери, ги поправаат и доведуваат во состојба повторно да се користат, а потоа ги проследуваат на стотици адреси низ земјава!

Станува збор за непрофитната организација Донирај компјутер, а гостин во Утрински брифинг беше нејзиниот основач Борче Стаменов.

-Приказната започна спонтано. Компјутерите за почеток ги користев да вежбаат практиканти. Случајно дојде една мајка, ме запраша дали има некој половен компјутер за дома да се занимаваат со нешто. Така и се роди цела идеја, раскажува Стаменов.

-Денеска треба да го дадеме 1250 компјутер и ако според МОН имаме 40.000 ученици кои што немаат опрема за следење он лајн настава, мислам дека само сме загребале на површината од проблемот што го имаме во Македонија.

-Нашата намера е секое семејство да има барем по еден компјутер и мислам дека ќе ја оствариме за некоја година. Упорни сме имаме доста помош од компании и од физички лица, вели Стаменов за Утрински брифинг.

Проследете го целиот разговор во видеото

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот