ВИДЕО: Српските баскетџии го одбранија европското злато

Баскетџиите на Србија не го даваат европскиот трон, го освоија и Париз/Фото: kss.rs

Баскетџиите на Србија повторно станаа шампиони на Европа откако во големото финале во Париз ја совладаа Литванија на континенталниот собир со резултат 20:14.

3×3 националниот тим на Србија во чиј состав се Мирослав Пашаљиќ, Дејан Мајсторовиќ, Александар Ратков и Михаило Васиќ не го дава европскиот трон.

После триумфот над Белгија и еден пораз во групата, Србите денеска најпрвин триумфираа над домаќинот Франција во четвртфиналето.

Потоа им се реваншираа на Русите за поразот во истата фаза на неодамнешните Олимписки игри, а на крајот во борбата за златото ги надиграа и Литванците.

Третото место го освои селекцијата на Русија која минимално со 19:18 беше подобра од Полска.

Претходно Србија беше европски шампион во 2018 година во Букурешт, потоа и во Дебрецин 2019, а лани поради ситуацијата со ковид-19 не се организираше натпреварувањето.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот