Фото: Screenshot

ВИДЕО | Српски голман постигна гол од својот шеснаесетник

Голманот на екипата на Ноа од Ерменија, Огнен Чанчаревиќ успеа да постигне гол од својот шеснаесетник во вчерашната победа во квалификациите за Конференциската на неговиот тим против грчки АЕК од 3:1.

Се играше 66. минута од натпреварот кога Чанчаревиќ со шут од својот шеснаесетник го совлада колегата на спротивната страна и донесе предност за ерменскиот претставник од 2:1.

Ќе потсетиме, во претходното квалификациско коло Ноа ја елиминираше Шкендија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот