ВИДЕО | Српски актер: Би ставил Берлински ѕид меѓу Србите и Хрватите, за никогаш повеќе да не се сретнеме

Вук Костиќ / Фото: Инстаграм/Вук Костиќ

Српскиот актер Вук Костиќ, за време на гостувањето во емисијата „Маша и…“, изјави дека би „подигнал Берлински ѕид“ помеѓу Србите и Хрватите, за двата народа никогаш повеќе да не се сретнат.

„Еднаш штом ќе се случат големи несреќи и злосторства во нашите народи, како Јасеновац, од тој момент повеќе не зборуваме. Мислам дека ние сме највиновните затоа што секогаш сме биле тие што велеле – нека живеат сите Словени заедно. Ние сме оние кои секогаш сакаат да си играат, а Хрватите велат: ‘Тргни се’“, изјавил актерот.

„Ја би ставил Берлински ѕид меѓу нас, за никогаш повеќе да не се сретнеме, односно да не доаѓа до такви страшни несреќи. Мене тоа многу ме погодува и некако сочувствувам со тие жртви. Таму се правеа секакви работи… Тоа е највалканата војна што се случи во последните неколку векови. Општ хаос“, додаде Костиќ.

Иако емисијата „Маша и…“, чиј водител е новинарката Маша Радовиќ, била објавена на Јутјуб во мај годинава, спорната изјава на актерот стана актуелна на социјалните медиуми дури сега.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот