„Лавина“ / Фото: Инстаграм/ПЗЕ

ВИДЕО | Србија испраќа метал музика на Евровизија, групата „Лавина“ ќе настапи со моќна балада во Виена

Метал група „Лавина“ победи на националниот евровизиски избор во Србија и ќе ја претставува својата земја на годинашното издание на Изборот на песна за Евровизија во Виена, Австрија. Со песната „Крај мене“, бендот го освои првото место во финалето на „Песна за Евровизија ’26“ и обезбеди настап во втората половина од првото полуфинале, што ќе се одржи на 12 мај 2026 година. Во конечниот пласман зад „Лавина“ се најдоа Зејна на втората позиција и составот „Харем Грлс“ x Ивана Круниќ на третото место.

Финалната вечер траеше три и пол часа, а во програмата настапија 14 финалисти, меѓу кои Брат Пелин, Лорес, Џек Лупино, Ана Машуловиќ, „Харем Грлс“ x Ивана Круниќ, Ива Грујин, „Космос трип“, Зејна, „Џемини“, Лу-ка, Јанкс, Зона и Мирна.

Во ревијалниот дел беа изведени бројни евровизиски хитови, а публиката имаше можност да го слушне и грчкиот претставник за 2026 година, Акилас, со песната „Ferto“.

Претставникот на Србија беше избран со комбинирано гласање – 50 проценти стручно жири и 50 проценти публика. Жирито гласаше според евровизискиот систем на бодирање (12, 10 и 8–1 поен), при што „Лавина“ доби максимални 12 поени, а исто толку и од телевизиските гледачи. Во вкупниот збир, „Лавина“ освои 24 поени, Зејна 16, а „Харем Грлс“ x Ивана Круниќ 15 поени.

Приходот од СМС-гласовите, како и претходните години, ќе биде дониран во хуманитарни цели, овојпат на Установата за деца и млади „Сремчица“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот