ВИДЕО | Срби нападнати на фудбалски турнир во Сараево, деца од Хрватска скандираа „Убиј го Србинот“
На меѓународен турнир во фудбал за деца кој овие денови се одржува во Илиџа била нападната група на граѓани од Белград, а еден од нив бил повреден со нож.
Препорачано
За српските медиуми зборуваше еден од учесниците во инцидентoт.
„Во еден момент некои родители извадија знаме ФК Звездара. Ние немавме никаква намера да провоцираме. Одеднаш една група влезе и не нападна со солзавци и сакаше да го одземе знаме“, раскажа еден од родителите на младите фудбалери на ФК Звездара, за „Спортскаинфо“.
Како што раскажува тој сите веднаш излегле надвор, но таму ги дочекала уште поголема група. Таму одново биле нападнати и еден од родителите бил повреден со нож
На истиот турнир, во неповрзан инцидент, членовите на детска фудбалска екипа од Сплит скандираа „Убиј го Србинот“. Веднаш реагирал тренерот на екипата, која е избркана од турнирот.
„Скандирањето на децата од Сплит и нападот на родителите се два различни случаи кои не се поврзани. Екипата од Сплит веднаш беше дисквалификувана. Тренерот на тимот се извинуваше, но не сакавме да го прифатиме извинувањето“, изјави организаторот, Алмир Пргуд.


