ВИДЕО | „Срамен потег“: Џејми Ли Кертис сочно ја бакна актерката во уста на наградите

Џејли Ли Кертис и Мишел Јео / Фото: Profimedia

Синоќа се одржа доделувањето на наградите САГ (SAG Awards), на кои актерката Џејми Ли Кертис (64) го привлече вниманието со својот изглед, но и со необичен потег за кој се зборува на социјалните мрежи.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jamie Lee Curtis (@jamieleecurtis)


Актерката на доделувањето на наградите се појави во црвен тесен фустан со длабоко деколте. Џејми имаше одлична причина да слави. Имено, таа освои дури две награди за филмот „Everything Everywhere All At Once“, онаа за најдобра споредна женска улога и за најдобра актерска екипа.

Пoтоа следуваше моментот за кој сите зборуваат. Џејми беше пресреќна што и нејзината колешка од споменатиот филм, Мишел Јео, доби награда, па одлучи да ја награди со сочен бакнеж кој го забележи камерата.

Овој момент од доделувањето на наградата ги „запали“ социјалните мрежи, а твитерџиите не престануваат да го коментираат бакнежот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by showbuzz.hr (@showbuzzhr)


„Не ми се верува дека Џејми ја бакна Мишел во уста“, напишала една твитерџика, додека друга се запрашала: „За што размислувала Џејми пред овој бакнеж?“


„Ова е еден од посочните бакнежи што сум ги видел“, напиша друг, но имала и такви кои бакнежот го сметаа за невкусен: „Срамен потег на Џејми Ли Кертис“.

„SAG“ награди: Доминација на драмедијата „Everything Everywhere All at Once“

ФОТО | Џејми Ли Кертис за првпат е номинирана за Оскар: Актерката не ја криеше возбудата

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот