ВИДЕО | „Спа момент за подигнување на расположението“: Џереми Ренер полека се опоравува

Фото: Принтскрин - Твитер

По тешката несреќа, која ја доживеа чистејќи снег, актерот Џереми Ренер објави ново видео со кое ги развесели загрижените фанови. Актерот на социјалната мрежа Твитер објави дека неговата мајка и сестра му дошле на гости и во објавата им се заблагодари за грижата и љубовта која му ја пружаат.

„Болница. Спа момент за подигнување на расположението. Благодарам мамо, ти благодарам сестро, ви благодарам на сите за сета љубов“, напиша актерот со видеото на кое може да се види како лицето му е отечено од модринките кои ги добил во несреќа, а притоа е приклучен на кислород за полесно дишење.

Публицистката на актерот, Саманта Маст во изминатите денови сподели повеќе детали за несреќата.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jeremy Renner (@jeremyrenner)

Несреќата се случила кога Ренер се обидувал со машина за чистење на снег да го исчисти патот од својата куќа на езерото Тахо, со цел да им го олесни патот на неговите роднини, кои ги поминале божиќните празници со него, а веќе требало да си одат дома. Тие биле покрај него во моментот кога се случила несреќата.

„Џереми има позитивен прогрес, веќе е буден, зборува и е во добро расположение. Тој ќе остане уште некое време во Одделот за интензивна нега, каде е во критична, но стабилна состојба. Тој е воодушевен од љубовта и поддршката која ја добива“, изјавила Маст за медиумите.

Портпаролот на Ренер претходно изјави за „Си-ен-ен“ дека актерот се здобил со повреди на градниот кош и нозете.

Ренер бил буден и свесен во моментот кога пристигнале лицата кои му укажале прва помош. Додека ги чекале да дојдат, неговите соседи први му помогнале, со тоа што го преврзале со крпи.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jeremy Renner (@jeremyrenner)


Хеликоптерот слетал во близина на автопатот во 9.37 часот по локално време, а во 9.56 часот по локално време, Ренер бил пренесен во болница во областа Рено.

На 51-годишниот актер досега му биле извршени две операции, изјави извор близок до актерот за „Си-ен-ен“.

Балаам додаде дека властите не веруваат дека Ренер бил во алкохолизирана состојба за време на инцидентот и го нарече „трагична несреќа“.

ФОТО | Џереми Ренер се јави од болница: Премногу сум збунет, ви благодарам за убавите зборови

Џереми Ренер e во „критична состојба“ откако доживеал несреќа чистејќи снег

Изгубил многу крв: Детали за несреќата во која е тешко повреден Џереми Ренер

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот