Џереми Ренер e во „критична состојба“ откако доживеал несреќа чистејќи снег

Џереми Ренер/ Фото: Инстаграм/Џереми Ренер

Американскиот актер Џереми Ренер доживеал несреќа додека чистел снег во текот на вчерашниот ден, по што итно бил пренесен во болница во Рено, Невада.

„Можеме да потврдиме дека Џереми е во критична, но стабилна состојба откако се здобил со сериозни повреди во несреќа поврзана со временските услови додека чистел снег“, изјавил неговиот портпарол за „Холивуд репортер“.

„Дедлајн“ објави дека Ренер бил пренесен во болница со хеликоптер.

„Неговото семејство е покрај него и му е пружена сета потребна грижа“, додал неговиот портпарол

Засега нема други информации за состојбата на актерот.

Актерите Бри Ларсон, Роберт Дауни Џуниор и Џереми Ренер на прес-конференцијата за премиерата на филмот „Avengers: Endgame“ / 15 април 2019 / Фото: EPA-EFE/KIM HEE-CHUL

Ренер е најпознат по улогата во воениот филм „The Hurt Locker“ (2008) за која беше номиниран за Оскар за најдобар глумец, како и по улогата на Хокај во марвеловите филмови „Thor“ (2011), „The Avengers“ (2012), „Avengers: Age of Ultron“ (2015), „Captain America: Civil War“ (2016), „Avengers: Endgame“ (2019) и „Black Widow“ (2021).

Во неговата филмографија има и голем број комерцијално успешни филмови како „Mission: Impossible – Ghost Protocol“ (2011), „The Bourne Legacy“ (2012), „Hansel & Gretel: Witch Hunters“ (2013), „American Hustle“ (2013), и „Mission: Impossible – Rogue Nation“ (2015).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот