Изгубил многу крв: Детали за несреќата во која е тешко повреден Џереми Ренер

Џереми Ренер
Џереми Ренер / Фото: EPA-EFE/ETIENNE LAURENT

Актерот Џереми Ренер (51) е тешко повреден во несреќа при чистење на снег на 1 јануари, поради што е во „критична, но стабилна состојба“.

„Можеме да потврдиме дека Џереми е во критична, но стабилна состојба со повредите што ги доби откако денеска доживеа несреќа додека чистеше снег“, изјави портпаролот за „Холивуд репортер“.

„Дедлајн“ објави дека Ренер со хеликоптер бил префрлен во болница во Рена, Невада.

Соседот на актерот сега за американските медиуми ги откри деталите од несреќата.

Имено, Ренер се обидувал со машина за чистење на снег да го исчисти патот од својата куќа на езерото Тахо.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jeremy Renner (@jeremyrenner)

Тој изјавил за ТМЗ дека сечилата на машината случајно ја прегазиле ногата на Џереми, поради што тој изгубил многу крв.

Му помогнал сосед кој случајно бил лекар. Му ја преврзал ногата додека чекале брза помош.

Несреќата се случила на 1 јануари 2023 година, нешто пред 10 часот, а актерот со хеликоптер бил пренесен во болница. Изворите велат дека освен ногата, повредени се и други делови од телото на Џереми.

Извор близок на актерот откри за „Си-ен-ен“ дека актерот досега имал две операции и дека повредите се тешки. 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jeremy Renner (@jeremyrenner)


Портпаролот на Џереми откри нови информации. Тој раскажа дека актерот се здобил со повреди на градниот кош и нозете и рекол:

„Семејството на Џереми сака да изрази благодарност до неверојатните лекари и медицински сестри кои се грижат за него. Исто така, тие се преплавени со чувства и благодарни за големата љубов и поддршка на неговите обожаватели.“

Џереми Ренер e во „критична состојба“ откако доживеал несреќа чистејќи снег

 

 

 

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот