ФОТО | Џереми Ренер се јави од болница: Премногу сум збунет, ви благодарам за убавите зборови

Џереми Ренер во својата болничка соба / Фото: Фото: Инстаграм/Џереми Ренер

По тешката несреќа, која ја доживеа чистејќи снег, актерот Џереми Ренер им се обрати на своите обожаватели со објава на социјалната мрежа Инстаграм.

„Ви благодарам на сите за убавите зборови. Сега сум премногу збунет за да пишувам. Но, јас ви испраќам љубов на сите“, напиша актерот во описот на фотографијата направена во болница.

Бројни обожаватели и колеги му посакаа побрзо опоравување, меѓу кои и Крис Хемсворт, Кејт Бекинсејл, Кејт Хадсон и Крис Еванс.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jeremy Renner (@jeremyrenner)

Во текот на вчерашниот ден, неговиот публицист Саманта Маст сподели повеќе детали за несреќата.

Имено, Ренер ги расчистувал патиштата во близина на неговиот дом во Невада, со цел да им го олесни патот на неговите роднини, кои ги поминале божиќните празници со него, а веќе требало да си одат дома. Тие биле покрај него во моментот кога се случила несреќата.

„Џереми има позитивен прогрес, веќе е буден, зборува и е во добро расположение. Тој ќе остане уште некое време во Одделот за интензивна нега, каде е во критична, но стабилна состојба. Тој е воодушевен од љубовта и поддршката која ја добива“, изјави Маст вчера.

„Трагична несреќа“

„Во неделата, во 8.55 часот по локално време, била пријавена несреќа со ратрак (машина за чистење снег) и пешак на автопатот Маунт Роуз“, изјави шерифот на округот Вашо Дарин Балаам за време на прес-конференција.

Иако не врнело снег во моментот на несреќата, Балаам изјави дека автопатот бил затворен поради тоа што на него сѐ уште имало снег кој не бил исчистен од претходно, пренесе „Си-ен-ен“.

Балаам сподели дека Ренер бил прегазен од неговиот ратрак, откако машината почнала да се лизга кога тој не бил на возачкото седиште. Тој се повредил додека се обидувал да се врати во ратракот.

„Ренер го користел својот ратрак за да го исчисти снегот околу неговото лично возило во моментот на несреќата“, рече Балаам.

Портпаролот на Ренер претходно изјави за „Си-ен-ен“ дека актерот се здобил со повреди на градниот кош и нозете.

Ренер бил буден и свесен во моментот кога пристигнале лицата кои му укажале прва помош. Додека ги чекале да дојдат, неговите соседи први му помогнале, со тоа што го преврзале со крпи.

Хеликоптерот слетал во близина на автопатот во 9.37 часот по локално време, а во 9.56 часот по локално време, Ренер бил пренесен во болница во областа Рено.

На 51-годишниот актер досега му биле извршени две операции, изјави извор близок до актерот за „Си-ен-ен“.

Балаам додаде дека властите не веруваат дека Ренер бил во алкохолизирана состојба за време на инцидентот и го нарече „трагична несреќа“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот