ВИДЕО | Сотирова – Бухова: Мерките мора да се почитуваат, нема простор за опуштање – инспекторите се на терен

Почитување на протоколите и мерките кои ги препорача Комисијата носи и покажува ефект. Но јас сѐ уште не сакам и не можам да кажам дека имаме терен за опуштање, затоа што не знаеме што понатака може да не очекува, изјави во Утрински брифинг Д-р Ирина Сотирова – Бухова.

-ДЗСИ е орган кој го контролира спроведувањето на законите кои се во наша надлежност. Сите знаеме во каква состоба пандемијата го затекна нашето здравство. Располагавме со триесетина епидемиолози, околу 50 инфектолози, и со само четириесетина инспектори во Државниот здравствен и санитарен инспекторат. Доколку земеме предвид дека овие специјализации биле маргинализирани во минатиот период здравствениот систем во многу брзо време се организираше во борбата со овој непознат немпријател, односно се направи целосна реорганизација на целиот медицински кадар и мислам дека апсолутно одлично реагиравме во оваа новонастаната ситуација, вели Сотирива Бухова.

-Работиме исклучиво на вонредни инспекциски надзори. Направени се околу 4.000 вонредни инспекциски надзори. Од наша страна издадени се 13.000 решенија за возачи шпедитери кои беа потребни во првиот момент кога настана пандемијата и кога се наметнаа првите мерки на рестрикција. Издадени се над 160.000 решенија на лица позитивни на ковид-19 и лица – контакти. Значи работата е зголемена во однос на работата од претходните години, вели Бухова.

Целиот разговор погледнете го во видеото:

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот