ВИДЕО | Соиграчот му „фаќаше“ сеир: Милер заработува богатство, а користи искршен телефон

Фото: Screenshot

Германскиот фудбалер Томас Милер од редовите на Баерн Минхен заработува 20 милиони евра по сезона, но очигледно премногу не се грижи за тоа каков телефон користи.

Сме биле сведоци како некои од најпознатите фудбалери со милионски примања користат постари телфони, меѓутоа случајот на Милер е посебен затоа што користи буквално искршен телефон.

Соиграчот на Милер, Леон Горецка на социјалните мрежи објави видео во кое Милер признава дека е време да го замени телефонот кој му загревал додека телефонирал што не е ни чудо ако се види во каква состојба е.

„Време е да го заменам. Некогаш батеријата ми се загрева по подолг разговор“, беше одговорот на прашањето до Милер дали треба да купи нов.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот