ВИДЕО: Слушнете како ќе звучи македонската песна за „Евровизија“ во Торино
Да се пее на евровизиската сцена е голем сон и предизвик за бројни музичари ширум Европа. Тој сон ќе ѝ се оствари и на младата пејачка Андреа Коевска која оваа година ќе ја претставува нашата земја на „Евровизија“ во Торино, Италија.
Препорачано
Разговор со Андреа во пресрет на Евровизија: Кога веруваш во себе и својата песна, тоа е доволно!
Додека полека но сигурно сите земји учеснички се подготвуваат за настапот на „Евровизија“ каде ќе се борат да ја освојат милионската публика, нашата претставничка Андреа за првпат откако беше избрана имаше можност да настапи во живо и да ја претстави финалната верзија од нејзината песна.
ВИДЕО | Андреа за евровизиската песна: Музиката ми помогна да го надминам лошиот период од животот
22-годишната Андреа ја отпеа во живо својата песна „Circles“ во Букурешт, Романија, а на својот инстаграм-профил сподели дел од атмосферата таму.
Нашата претставничка беше дел од манифестацијата „Seletia Nationala“ на која Романија го избираше својот претставник
за „Евровизија“. Многумина забележаа дека на финалната верзија се направени мали продукциски измени, со кои дополнително се истакнува нејзиниот моќен глас и талент кој со сигурност ќе биде препознаен од европската публика.
Слушнете како звучи новата верзија на песната отепана во живо:


