Фото: Промо

ВИДЕО | Слушете ја „Miracle“, песната со која талентираната Нела Манческа ќе ја преставува Македонија на детската Евровизија

Македонија ја доби својата претставничка песна за годинашното издание на Детската Евровизија 2025! Вечерва на МТВ1 и на официјалниот јутјуб-канал на натпреварот премиерно беше прикажана песната „Miracle“, во изведба на младата и талентирана Нела Манческа.

Песната, зад која стои проверениот авторски тандем Лазар Цветкоски (музика) и Магдалена Цветкоска (текст), носи порака за храброст, надеж и вера во себе. „Miracle“ зборува за моментот кога човек ја пронаоѓа сопствената светлина, дури и во најтемните мигови, а токму таа емоција Нела ја преточува во топла, искрена и моќна изведба.

Фото: Промо

Со својот вокал и сценски шарм, Нела Манческа ветува настап кој ќе ја освои европската публика и ќе ја претстави Македонија во најдобро светло.

Видеото за песната, во режија на Огнен Шапковски, беше премиерно емитувано вечерва во 18.30 часот на МТВ1 и на официјалниот јутјуб-канал на детската Евровизија.

Годинашното издание на детската Евровизија ќе се одржи на 13 декември во Тбилиси, Грузија.

Ќе застане на сцената во Грузија: Нела Манческа ќе ја претставува Македонија на детската Евровизија

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот