ВИДЕО | „Слободата нема цена“: Маж го прославил разводот со песна

развод, маж, мексико
фото: принтскрин/јутјуб

Кога љубовта завршува, повеќето луѓе се чувствуваат тажни, лути, разочарани, но има и такви кои едноставно се пресреќни што на приказната конечно ѝ дошол крајот. Таков е случајот со еден човек од Коахуила, Мексико кој по попишувањето на документите за развод славел придружуван од музичари.

Настанот деновиве стана вирален откако на социјалните мрежи се појави видео од маж кој решил да ја прослави разрешницата на својот брак – со песна. Свежо разведениот маж ја одбрал песната „Cabrón y Vago“ од „El Fantasma & Los Dos Carnales“ како химна на разделбата со неговата поранешна љубов.

Гласно пеејќи ги шпанските стихови од познатата песна, човекот навестува дека наводно не се снашол многу добро во љубовта, затоа што тој е „слободоумен“.

Настанот се случил во Сиудад Акуња, Коахуила – а истиот предизвика многу реакции на соцјалните мрежи.

 „Бендот го платила дамата, благодарна што конечно потпишал“, Добредојдовте во неизвесната иднина без сопруга и семејство“, „Слободата нема цена!“, „Има толку многу случаи како овој, освен ако неговата поранешна не била лоша сопруга, тогаш го очекува спротивниот закон на животот, карма“, „Не ја знам неговата поранешна сопруга, но сигурно е многу среќна и му благодари на Бога“ , беа само дел од коментарите на социјалните мрежи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот