ВИДЕО: Ски центрите Попова Шапка и Маврово успешно ја поминуваат „ковид сезоната“

Искуствата со ваучерите се позитивни. Тие се искористија во месеците октомври, ноември, декември кога е таа меѓусезона. Капацитетите успеавме да ги исполниме со гости, изјави за Утрински брифинг Огњан Циговски, директор на центарот Маврово.

Првиот снег кој што беше за празниците го заобиколи Маврово, температурите не дозволија да работи системот за заснежување, но од минатата недела топовите работат и веќе во функција е скицентарот, вели Циговски и додава дека има доста договори со туроператорите и 50% од гостите се од Косово и Албанија додека останата половина се домашни гости.

-Бројката на гости не е занемарлива. Главни двигатиели на нашата сезона се викенд куќите, некаде околу 1.700. Тие се нашите гости број 1. Тие се моторот на позитивниот тренд на Маврово. Може да се забележи дека секоја година се градат викендици, цените на земјиштето пораснаа. Ние преживеавме за време на ковидов, Маврово се наоѓа на позитивната нула, што е добро за целото туристичко место.

-Ски центарот Попова Шапка беше спремен на време. Капацитетот беше пополнет, можеби некогаш се створи и гужва поколу ски лифотвите заради технички проблеми, но сите тие беа навремено отстранети. Година 90% беа домашни посетители, што кажува дека сезоната поминува добро и успешно, изјави во Утрински брифинг Живе Алексовски, заменик директор на центар Попова Шапка.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот