ВИДЕО | Скандалозна снимка од Белград: Хулигани тепаа обични навивачи по натпреварот на Партизан

Фото: Screenshot

Утрово шокантна снимка се појави на социјалните мрежи која предизвика револт во српската спортска јавност.

Имено, на снимката се гледа како група хулигани со дрвени палки тепаат навивачи на Партизан што си одеа дома по вчерашниот натпревар против Жалгирис (81:72).

Осомничени за овој инцидент се фановите на Црвена Звезда бидејќи и во минатото имало случаи каде што ги начекуваат ривалските фанови по евролигашките средби.

Посебни реакции во јавноста има затоа што тепаните не биле ниту членови на навивачката група „Гробари“, туку обични фанови на кошарката.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот