ВИДЕО | Сите го чекаа ова: Бијонсе со реклама на Супербол го најави новиот албум и објави две песни

Фото: Принтскрин / Инстаграм

Познатата пејачка Бијонсе предизвика неверување кај своите обожаватели кога се појави во реклама за време на Супербол, во која навести дека набрзо ќе го објави својот нов албум.

Таа во рекламата најави дека на 29 март ќе го објави долгоочекуваниот втор дел од „Renaissance“, а се чини дека новиот албум ќе биде кантри.

„Во ред, тие се подготвени – пуштете ја новата музика. На сите ви кажав дека ‘Renaissance’ не е завршена“, вели таа на крајот од рекламата.

Таа на својот профил на Инстаграм го сподели и најавното видео во кое се наоѓа насловот на албумот и датумот на издавање, а кое достигна неверојатни два милиони прегледи. Има и билборд и регистарска табличка на автомобил со натпис „Texas Hold’Em“, што алудира на играта со карти, но и на насловот на новата песна.

Набргу потоа, Бијонсе ги објави нејзините две нови песни „16 Carriages“ и „Texas Hold’Em“ кои ги воодушевија сите нејзини обожаватели.

ФОТО + ВИДЕО | Спектакуларен настап на Ашер на Супербол: Пееше во живо, возеше ролшуи, танцуваше и ја соблече маицата

ВИДЕО | Најдобрите реклами на годинашниот Супербол

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот