ВИДЕО: Сите гафови од посетата на Меркел во Тирана

Германската канцеларка Ангела Меркел на посета во Тирана со албанскиот премиер Еди Рама/ Фото EPA-EFE/Malton Dibra

Германската канцеларка Ангела Меркел денеска пристигна од Белград во Тирана, каде се сретна со албанскиот премиер Еди Рама.  

Социјалните мрежи блеснаа, но не поради официјалниот дел од состанокот, туку поради серијата гафови што се случија пред почетокот на тет-а-тет разговорот во Палатата на бригадите, пред кој беше организиран свечен пречек. 

Најпрво, бравата на автомобилот со кој пристигна Меркел за средбата со Рама беше блокирана или пак возачот заборави претходно да ја отклучи вратата, па телохранителот беше фатен како тропа на вратата и се бори да ја отвори.  

Ова веднаш беше проследено со непријатен поздрав на Рама и Меркел. Имено, поради пандемијата на коронавирус, Ангела Меркел со сите се поздравува со тупаница, а видно возбудениот Рама ентузијастички ја подаде раката кон неа. По неколку моменти непријатна тишина, успеаја некако да се поздрават. 

Потоа следеше нов гаф за време на интонирањето на химната. Меркел поради здравствената состојба имаше кажано дека ќе седи за време на химните, но корисниците на социјалните мрежи беа збунети зошто и албанскиот премиер Рама седна за време на химните. 

Германската канцеларка Ангела Меркел на посета во Тирана со албанскиот премиер Еди Рама/ Фото EPA-EFE/Malton Dibra

Меркел стигна во Тирана, првата средба е со Рама

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот