ВИДЕО | Синер без изгубен сет го победи Рубљов и закажа полуфинале против Ѓоковиќ

Фото: EPA-EFE/MAST IRHAM

Јаник Синер е вториот полуфиналист на Австралија Опен, италијанскиот тенисер денеска во четвртфиналето беше подобар од Андреј Рубљов со максимални 3:0 во сетови (6:4, 7:6, 6:3).

Четвртфиналната борба траеше два часа и 41 минута. Италијанецот го доби првиот сет со 6:4, меѓутоа потоа се соочи со проблеми во вториот дел од мечот. Рубљов стигна до дури шест брејк-шанси, но не ги искористи.

И во тај-брејкот Русинот беше блиску да го освои сетот бидејќи поведе со 5:1. Сепак, тогаш следуваа шест поени во низа за италијанскиот тенисер со кој го освои сетот и поведе со 2:0. Тие моменти веројатно беа одлучувачките во мечот.

На стартот на вториот сет Рубљов одново имаше можност за брејк, меѓутоа повторно не ја искористи приликата. Синер до брејк стигна во шестиот гем и така го трасираше патот кон победата за прво полуфиналето на Австралија Опен.

Во полуфиналето Синер го чека Новак Ѓоковиќ кој денес претходно беше подобар од Тејлор Фриц. Ќе потсетиме Ѓоковиќ и Синер одиграа два одлични меча кон крајот на 2023 година на завршниот турнир во Торино. Синер таму го победи Ѓоковиќ во групната фаза, но Ѓоковиќ славеше неколку дена подоцна во финалето.

ФОТО+ВИДЕО | Ѓoковиќ изгуби сет, но обезбеди ново полуфинале во Мелбурн

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот