ФОТО+ВИДЕО | Ѓoковиќ изгуби сет, но обезбеди ново полуфинале во Мелбурн

Фото: EPA-EFE/MAST IRHAM

Најдобриот светски тенисер, Новак Ѓоковиќ обезбеди ново полуфинале на Австралија Опен откако денес во еден интересен мече беше подобар од Американецот Тејлор Фриц со 3:1 во сетови (7:6, 4:6, 6:2 и 6:3).

Од самиот старт на теренот гледавме големба борба на двете страни. Ѓоковиќ изгледаше подобро во најголемиот дел од мечот, но откако не искористи дури осум брејк топки мораше да се извлекува на крајот кога спасуваше две сет топки.

Фото: EPA-EFE/LUKAS COCH

Сетот на крајот отиде во тај-брејк каде што уште еднаш го покажа својот квалитет и со 7:3 дојде до водство од 1:0. Имаше Ѓоковиќ проблем со брејк топките и во вториот сет каде што не искористи уште седум, а Фриц претходно направи брејк.

Во тој втор сет Фриц беше подобриот на теренот и со 4:6 успеа да го освои и така најави возбудувања во продолжение. Ѓоковиќ во третиот и четвртиот сет одново го подигна нивото на својата игра и не дозволи изненадувања.

Фото: EPA-EFE/LUKAS COCH

Клучниот момент на мечот можеби беше шестиот гем кога Ѓоковиќ освои поен на сервис на Фриц и поведе со 4:2, иако веднаш Фриц го врати брејкот, Ѓоковиќ беше одличен и во слетниот сет, со нов брејк си го трасираше патот до победата.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот