ВИДЕО: Шверцуван лав веќе една година е заробеник во ресторан во Косово

Помина веќе една година откако беше откриено дека лавот е прошверцуван во Косово. Кралот на животните го конфискуваа надлежните служби, но тој сè уште е затворен во ресторан.

– Организацијата „Четири шепи“ понуди да обезбеди засолниште за лавот во еден од нејзините спасувачки центри, но досега Министерството за економија и животна средина не ја сработи својата работа за да овозможи трансфер на лавот и покрај тоа што неколкупати се обидовме да контактираме директно и со министерот Блерим Кучи, соопштија активистите.

Министерот за економски развој и животна средина, Блерим Кучи, рече дека ова министерство ќе одржи состанок со работната група за решавање на случајот со лав што се наоѓа во ресторан во Гњилане.

„Вчера добив голем број пораки кои доаѓаа од целиот свет, од активисти за заштита на правата на животните, вклучително и локални активисти“, напиша Кучи на Фејсбук.

Тој рече дека бил информиран за овој настан, и дека овој случај се води во Основното обвинителство на Гњилане.

Сепак, тој најавува дека сè уште не е добиен официјален одговор од Обвинителството на кое Министерството му напиша писмо на првиот ден од септември.

„Овој случај се води и во Основното обвинителство во Гњилане. На 1 септември 2020 година беше испратено писмо до Обвинителството и конкретно до Обвинителот на случајот со предлози за чекорите што треба да се преземат за предметниот предмет, но сè уште не е добиен официјален одговор“.

Кучи објави дека нема да изостане заложбата на министерството и се обидува да најде подобро решение за лавот.

„Во нашите инфраструктурни капацитети немаме поволен простор за чување на овој лав. Сепак, нашата заложба нема да изостане да најдеме подобро решение за овој лав“.

Лавот се наоѓа во ресторанот Маја е Зез или Црн Врв, во село Станќик, општина Гњилане од 21 ноември 2019 година. Осомничениот А. Х без никаква придружна документација го донел животното „Пантера лав“ преку алтернативни патишта од Албанија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот