Фото: EPA/EFE / Levandeira Jr.

ВИДЕО | Шпанското знаме падна на државна церемонија, кралот Фелипе со поглед вели: Една работа имавте…

Непријатен инцидент се случи за време на одбележувањето на Денот на шпанските вооружени сили во градот Виго, кога националното знаме падна за време на церемонијата на негово подигнување, во присуство на кралот Фелипе Шести, јавија локалните медиуми.

Инцидентот се случил додека кралот и престолонаследничката Леонор оддаваa почит за време на свечениот чин. На снимките објавени на социјалните мрежи се гледа како знамето ненадејно се откачи и падна на гардистите кои стоеја под јарболот.

Настанот брзо стана вирален на социјалните мрежи, каде што корисниците масовно споделуваа снимки и коментари, најмногу за налутениот и разочаран израз на лицето на кралот во тој момент.

Церемонијата беше дел од централната прослава на Денот на вооружените сили, на која учествувале околу 3.700 војници, десетици воени возила и авиони.

И покрај незгодниот момент, програмата продолжи без прекин, а шпанските власти засега не соопштија дали причината за падот на знамето била технички дефект или човечка грешка.

Чудо во пештера во Лаос: По 10 дена, заробени луѓе сами излегоа од подземната стапица

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот