ВИДЕО | Сестрата на Мараја Кери: „Сите заби ми паднаа поради неа, знаете ли што ми направија сатанистите?“

Фото: ЕПА/Скриншот

Во објава на Инстаграм, сестрата на Мараја Кери откри дека ги изгубила сите заби поради жестоката расправија со пејачката. Алисон Кери со јавноста ги сподели своите моментални животни услови, објаснувајќи дека ѝ е речиси невозможно да го води секојдневниот живот.

„Јас сум Алисон Кери, за жал живеам без заби. Не успеав да ги заменам. Посакувам да можам да ги заменам, но едноставно немам пари, па сум таму каде што сум. Речиси е невозможно е да се прават работи без заби. Тоа е сè што навистина имам да кажам“, рече таа на снимката.

Во 2020 година, отуѓената сестра на пејачката поднесе тужба против нивната мајка, Патриша, обвинувајќи ја дека наводно дозволувала странци сексуално да ја злоупотребуваат за време на сатанистички ритуали кога таа била дете.

Алисон поднесе документи до Врховниот суд на државата Њујорк, барајќи отштета за „екстремна ментална и физичка повреда, ментална болка и намерно нанесување тешка емоционална вознемиреност“.

Во документите, објавени од „Сан“, Алисон вели дека била сведок на возрасни кои учествувале во „сексуални дејствија со возрасни и деца“ и тврди дека наводното злоставување се случило за време на „полноќни сатанистички ритуални состаноци, кои вклучуваат ритуални жртви“.

Алисон Кери / Фото: Jae Donnelly / News Licensing / Profimedia

Алисон претходно призна дека работи како проститутка откако западнала во тешка животна ситуација. Во жалбата се вели: „Обвинетиот, кој е мајка на тужителот, дозволил и охрабрувал други машки лица чии идентитети во моментов не се познати да вршат сексуални дејствија како што е дефинирано во Кривичниот законик на Њујорк, поточно 130,52 (присилно допирање) и 130,65 (сексуален напад од прв степен), додека тужителот имал околу 10 години“.

Зборувајќи за „Сан“ во 2018 година, таа изјави: „Цермониите секогаш беа помеѓу 2 и 4 часот наутро и не се одржуваа секоја недела како што се сеќавам, само на одредени датуми. Сите тие носеа долги фустани со црни качулки и влегуваа внатре. Одеа по двајца до одредено место. Почнуваа со ритуалите и пееја на друг јазик, мислам на латински. Тогаш се случуваа страшни работи, работи што дете никогаш не треба да ги види“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот