ВИДЕО: Сергеј за балканските музички кралици Северина и Лепа Брена – Фатаморгана и фантастична

Таа едноставно е фатаморгана, Сергеј вака ја коментираше Северина/Фото; Скриншот

Во новото издание на емисијата за мода и убавина Sergej Reinvented многу нови совети овој пат за прајмерите за лице, што треба да знае секоја дама која обожува да се шминка.

Изборот на најдобри прјамери го направи Сергеј од неколку понудени производи кои се кај нас во продажба со совет: подобро нешто отколку ништо како подготовка на лицето за шминкање.

Во делот на светската мода, Сергеј се осврна на брендот Валентино и нивното заштитно лице Зендеја која изгледа феноменално во новите модели на овој светски моден бренд.

И Сергеј се обиде да направи чак поза/Фото: Скриншот

Сергеј го коментираше и изгледот на бремената поп пејачка Ријана за која, низ неколку примери, рече дека изгледа мега кул.

Бремената Ријана гордо го покажува својот труднички стомак/Фото: Скриншот

Посебен акцент Сергеј стави на балканските музички ѕвезди Северина и Лепа Брена. Едната според него е едноставно фатаморгана, а другата која со децении опстојува на музичката сцена е феноменална и им вети на гледачите дека повеќе ќе ѝ се посвети во некоја од наредните емисии.

Фантастична е, Сергеј за Лепа Брена/Фото: Скриншот

Покрај модните икони, Сергеј се осврна и на модните катастрофи кои се обидуваат кај македонските следачи да се наметнат како модни инфлуенсерки, а всушност, според модниот гуру тие се „тешки модни катастрофи“ поради лошите модни комбинации, лошиот стајлинг, фризури и шминка.

Сергеј објасни зошто тие се тешки модни катастрофи/Фото: Скриншот

Како да изгледате ултра модерно со металик „спејс лук“ презентираше Сергеј преку неколку модни комбинации за секој ден.

За крај, како и секогаш Сергеј отворено и искрено одговараше на поставените прашања. Погледнете што ги интересираше гледачите и што им одговори Сергеј;

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот