ВИДЕО | Сензација во Германија: Баерн елиминиран од третолигаш

Фото: EPA-EFE/RONALD WITTEK

Германскиот третолигаш Сарбрикен го приреди најголемото изненадување во вечерашните куп натпревари во Европа и го елиминираше Баерн Минхен.

Ништо не најавуваше дека ќе се случи ваква сезнација кога во 16. минута Томас Милер го доведе Баерн во водство. Домаќините сепак со два гола во судиските продолженија приредија сензационален пресврт.

Прво Зонтхајмер изедначи во 46. минута, а победничкиот гол во 96. минута го постигна Гаус.

Треба да се знае дека Сарбрикен е 15. место во германската Трета лига и има само два бода повеќе од опасната зона.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот