ВИДЕО: Сега е времето на Денвер, Јокиќ на чекор до историска титула во НБА

фото: EPA-EFE/RHONA WISE

Следниот петти натпревар од финалето во НБА лигата помеѓу Денвер нагетс и Мајами хит ќе се одигра ноќва со почеток од 02.30 часот по македонско време.

Нагетси водат моментно со 3:1 и пред своите навивачи во „Бол“ Арена ја имаат првата меч топка за освојување на титулата.

Централна фигура на претходните четири средби, како и во текот на целата сезона беше српскиот кошаркар на Денвер, Никола Јокиќ.

Она што е важно, Јокиќ овојпат има голема помош и од соиграчите, пред сè од Џамал ​​Мареј, па составот предводен од треенерот Мајк Мелоун дојде во ситуација да биде на дофат на шампионскиот прстен.

На спротивната страна првата ѕвезда на Мајами, Џими Батлер, веле дека тимот нема да се откаже до самиот крај и верува дека може да се направи пресврт.

Јокиќ пред натпреварот изјави дека нема простор за опуштање и дека тој и соиграчите се работи напорно на тренинзите за да ја завршат работата веќе во следниот меч.

НБА лига, финале

Петти натпревар
3-1 Денвер – Мајами (02.30 часот)
Сала: Бол Арена (Денвер)

Денвер: Браун, Портер, Колдвел-Поуп, Џордан, Џексон, Вотсон, Вајт, Браун, Брајант, Смит, Јокиќ, Гилеспи, Мареј, Грин, Канкар, Гордон.

Мајами: Винсент, Оладипо, Јовиќ, Лаури, Кејн, Адебајо, Мартин, Батлер, Хајсмит, О. Робинсон, Струс, Лав, Селер, Д.Робинсон, Јуртсевен.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот