Фото: Гори зграда во Дубаи / принтскрин Х

ВИДЕО | Се запали облакодер во Дубаи — густ чад се издига над градилиштето

Голем пожар избувна на градилиште на облакодер во близина на хотелот „Ал Хабтур Гранд“ во Дубаи Марина, јавуваат светските медиуми.

Според информациите, пожарот бил пријавен во 7:06 часот по локално време, а пожарникарите биле на местото на настанот во 7:13 часот.

На пожарникарите им биле потребни речиси два часа за да го локализираат пожарот, во кој, за среќа, нема повредени.

На социјалните мрежи брзо се појавија снимки од големиот црн чад што се издигнал над градилиштето.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот