Бебе загина во пожар во Призрен/Фото: Скриншот

ВИДЕО | Се запали куќа во Призрен, едногодишно дете загина, три други се спасени

Куќа се запали утрово во центарот на Призрен. За жал, во пожарот животот го загуби дете на возраст од околу 1 година. Веста ја потврди портпаролот на полицијата за регионот на Призрен, Шаќир Битиќи, пренесува Еуроњуз на албански јазик.

Тој рече дека детето починало како резултат на вдишување чад. Додаде и дека уште три деца добиле медицинска помош.

„Денес, на 30.12.2025 година, околу 10:00 часот, беше пријавен пожар во станбена куќа во центарот на Призрен. Како последица на пожарот, животот го загуби дете на возраст од околу 1 година, при што се сомнева дека смртта настапила како резултат на вдишување чад. Три други деца се спасени и испратени на медицинска помош во Ургентниот центар, каде што ја добиваат потребната здравствена заштита“, рече тој.

Битиќи додаде дека пожарот е речиси целосно локализиран, додека причините ќе ги испитаат надлежните органи.

„Екипите за итни случаи реагираа веднаш и пожарот е речиси целосно локализиран. Надлежните екипи продолжуваат да бидат на местото на настанот. Причините за пожарот ги истражуваат надлежните органи и ќе бидат потврдени по завршувањето на истражните постапки“, додаде тој.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот