ВИДЕО | Светска банка ја поднови тетовската болница со апарати вредни 3,5 милиони евра

Фото: Слободен печат

Министерот за здравство Беким Сали заедно со директорот на Клиничката болница Тетово Амир Елези, пред медиумите ја промовираа новата медицинска опрема наменета за болницата. Опремата е обезбедена со пари од Светска банка

„Станува збор за набавка на опрема за 14 јавни здравствени установи во државата, меѓу нив е и Клиничката болница Тетово. Се работи за инвестиција од 13,6 милиони евра, од кои 3,5 милиони евра се наменети за медицинска опрема за Клиничката болница Тетово, за која се обезбеди ангиограф, апарат за компјутерска томографија, мамограф, два ренген апарати, шест апарати за ехо дијагностика и два подвижни ренген апарати. Дел од нив се во фаза на инсталација, а веќе се пуштени апаратите за ехо дијагностика. Подготвени за пуштање во употреба се подвижните ренген апарати, како и новиот мамограф. Во текот на наредна недела ќе има обука на кадар за користење на овие апарати, а потоа ќе бидат пуштени во употреба“, рече министерот Сали.

Директорот на Клиничката болница Тетово Амир Елези се заблагодари за опремата, која била повеќе од неопходна.

„Имаше огромен недостиг на апаратура и тие апарати кои ги имавме беа застарени, со нив се позајмуваа амбулантите, пациентите многу чекаа, а докторите работеа со стари апарати. Оваа апаратура беше неопходна за да функционираме како Клинички центар. Верувам дека за скоро време сите апарати ќе бидат пуштени во употреба, рече директорот на Клиничката болница Тетово Амир Елези.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот