Сања Николиќ / Фото: Инстаграм/Сања Николиќ

ВИДЕО | Сања Николиќ изненади, ѝ се враќа на старата љубов

Сања Николиќ по долго време повторно ѝ се врати на старата љубов – работата како модел.

Таа на својот инстаграм-профил објави фотографии на кои позира со младата водителка и пејачка Кики Мукаетова. Сања не откри за каков проект станува збор, а во видеото што го сподели во позадина се слуша песната на нејзиниот сопруг Слаткар, „Шоп шопинг“.

Слаткаристика, нашиот познат рапер, и Сања Николиќ, поранешната Мис на Македонија, имаа интересна свадба на 27 август 2014 година.

„Со Сања имавме модерна свадба. Не поминаа три дена, но траеше шест часа. Имаше народна музика. Имавме и три хип-хоп диџеи, а за време на паузата кумот ме изненади со ромска музика. Го покани Ферус, еден од најдобрите саксофонисти во Европа. Искрено, ги дадов сите мои пари на него и неговиот оркестар“, рече во една прилика Слаткар.

Фото: Инстаграм/Сања Николиќ

„И двајцата сме лавови во хороскоп, односно машки лав и женска лавица – тоа се два различни поими, но тоа е сигурно една од работите што прави да сме слични, иако во многу нешта и размислувања се разликуваме. А дека ми е поддршка низ сите овие години, во сè што работам, тоа се подразбира и сум среќен што е навистина така.

Па, искрено, не сум строг, но мислам дека Моша сè уште не е на возраст на која јас треба да сум строг. Некогаш знае да ме излуди и да се развикам, но искрено, тој сè уште е мал за да му поставувам граници“, рече Слаткар во едно интервју за „Слободен печат“ за сопругата и за синот.

Слаткар ја побара Сања за жена со песната „Кажи да“ и ѝ ја посвети песната „Луда романтика“, за која снимија и видеоспот во Венеција. Во април 2020 година, нивното семејство се прошири за нов член – го добија синот Моша.

ФОТО | Слаткар и Сања Николиќ прославија 10 години брак: „Ќе те љубам засекогаш – силно и искрено“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот