ВИДЕО | Руслана драматично праша: Дали сакате повторно да се случи Чернобил?

Руслана Чернобил
Украинската пејачка Руслана и забавниот парк во Припјат, напуштениот град во зоната околу Чернобил / Фото: EPA/HERBERT PFARRHOFER/SERGEY DOLZHENKO

Украинската пејачка Руслана Лижичко повторно се огласи за руската инвазија во нејзината држава. Овојпат, таа им се обрати и на американскиот претседател Џо Бајден и на генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг.

„Како амбасадор на својата држава, како победничка на Евровизија, сега зборувам во името на целиот свој народ. Ние бараме од американскиот претседател Џо Бајден и од генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг да го заштитат нашето небо. Украинската војска ќе ја штити државата, но вие мора да го заштитите небото. Донесете ја таа одлука за сигурноста на целиот свет“, вели таа во видеото коешто го објави на Инстаграм.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Ruslana (@ruslana.lyzhychko)


Исто така, Руслана сподели и видео на кое го постави прашањето „Дали сакате повторно да се случи Чернобил?“.

„Ако Путин го нападне Чернобил, тогаш нема да има што да се спаси“, вели пејачката.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Ruslana (@ruslana.lyzhychko)

Руслана со трогателен апел: Светот ќе ни помогне и ќе ја запреме војната!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот