ВИДЕО| Руски командант ги тепа војниците и ги тера да се соблекуваат голи

Руска војска ay. EPA/ANATOLY MALTSEV

Во јавноста беше објавено видео на кое се гледа како руски воен командант ги соблекува војниците голи и ги тепа, во ритуал на малтретирање што ги шокираше дури и оние војници навикнати на груб и суров третман во руската армија.

Руски војник  EPA/IGOR KHARITONOV

Според „WarTranslated“, блогер кој ја следи војната во Украина, станува збор за офицер на руската 4-та тенковска дивизија во близина на Москва кој ги тера своите голи војници да влечат трева. На снимката се слуша како војниците го критикуваат малтретирањето, вообичаено искуство што го доживуваат повеќето војници кои служат во руската армија.

Првично, контроверзното видео го сподели рускиот медиум „Mobilizeyshen News“, кој наведува дека не е јасно кога е снимено.

Повикаа воена полиција и ги соблекоа мажите голи. Луѓето се бесни затоа што тој ги мачи војниците, вели еден војник на видеото,  се потецнира во  преводот на „WarTranslated“.

Се верува дека тоа е 4-та гардиска тенковска дивизија во Наро-Фоминск, надвор од Москва. Оваа дивизија претрпе големи загуби во Украина

Руски војник вежба EPA-PHOTO/EPA/Almir ARNAUT/aa/fob/ow

Злоставување во руската армија

Злоставувањето на војниците во руската армија има своја длабока, па дури и фатална историја.

Третманот, познат и како „дедовчина“, обично се применува на војници од понизок ранг што и направи големи проблеми на руската војска да регрутира млади луѓе кои се плашат дека доколку влезат во воена служба ќе бидат понижувани  или повредувани .

Оваа практика постои со векови, а руската влада во 2008 година воведе низа реформи со цел да ја искорени.

руски војници EPA/SERGEI CHIRIKOV

Во објавеното видео војниците велат дека нивните претпоставени претерале и опасно се доближиле до границите на нивното трпение.

– Ќе има бунт доколку продолжат вака. Секој има свои граници – изјавил еден од злоставуваните војници.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот